ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Кои намирници содржат омега 3 масни киселини?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Омега 3 масните киселини се есенцијални, што значи дека организмот не може сам да ги создава, па мора да се внесуваат преку храна. Тие играат важна улога во функцијата на мозокот, во нормалниот раст и развој, и го намалуваат ризикот од кардиоваскуларни заболувања. Симптоми на недостаток на омега 3 масни киселини се замор, слабо паметење, сува кожа, проблеми со срцето и слаба циркулација. Важна е рамнотежата меѓу омега 3 и омега 6 масните киселини за да се одржи оптимална состојба на организмот. Омега 3 масните киселини се наоѓаат во мрсна морска риба, како лосос, туна, сардини, харинги, скуша и бакалар. Препорачан внес на риба е 2-3 пати неделно. Освен риба, омега 3 масни киселини се наоѓаат и во ореови плодови, семки, растителни масла, алги и слично.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Диететика и исхрана