ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Кои грицки се препорачуваат навечер?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Калориската вредност на сувата леблебија е 298 kcal/100 g. Кога леблебијата се готви, енергетската вредност се намалува на 164 kcal/100 g. Леблебијата има состав сличен на другите мешункасти растенија — во 100 g содржи 55-60% јаглехидрати, околу 20% белковини, 4-5% растително масло и 5-8% растителни влакна. Леблебијата содржи двојно повеќе железо од еднаква количина месо, содржи доволно калциум и има низок гликемиски индекс. Калориската вредност на индискиот орев е 573 kcal/100 g. Индискиот орев содржи помалку маснотии од другите видови ореви. Две третини од маснотиите во индискиот орев се ненаситени масни киселини, познати како олеинска киселина, каква што содржи и маслиновото масло. Многу е хранлив и богат со протеини и есенцијални минерали, вклучувајќи бакар, калциум, магнезиум, железо, фосфор, калиум и цинк. Семките од сончоглед имаат 584 kcal/100 g. Кошточковите плодови (орев, бадем, лешник, кикирики, индиски орев) се сметаат за здрави грицки. Тие се вкусни и богати со растителни влакна, витамини, минерали и антиоксиданти. Истражувањата покажуваат дека од грицкање ореви и слични плодови подолго се чувствуваме сити, отколку кога посегнеме по чипс или крекери. Сепак, внимание — 100 g навечер пред телевизор не е препорака. Земајте по едно до две парченца од секој вид, а не цела дланка.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Диететика и исхрана