ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Кои додатоци во исхраната се препорачуваат при вежбање во теретана?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Разновидна и избалансирана исхрана кај спортистите не се заснова само на внес на протеини. За да бидете енергетски подготвени за тренинг, неопходен е соодветен внес на јаглехидрати кои учествуваат во создавањето на гликоген, кој за време на вежбањето претставува основен извор на енергија, а притоа не доаѓа до трошење на протеините за енергетски потреби, бидејќи тие се градивни елементи во нашето тело. Недоволен внес на овие енергетски материи, кои најчесто ги добиваме од квалитетни житарки и зеленчук, ќе доведе до недостаток на енергија при интензивно вежбање. Идеално би било протеинскиот оброк пред тренинг да се замени со оброк богат со јаглехидрати. Идеален оброк пред тренинг би бил интегрален ориз со зеленчук, варени житарки со зеленчук и парадајз сос, интегрална тестенина со сос од зеленчук или печен зеленчук. Тоа ќе ги надополни нашите депоа на гликоген и ќе даде дополнителна енергија која ќе ја искористиме за правилно и здраво вежбање. Правилната суплементација, како кај рекреативните така и кај професионалните спортисти, е многу важна за брзо закрепнување на мускулите по тренинг. Идеален момент за внес на протеински шејк е веднаш по тренингот. Суроватката е одлична намирница преку која се внесуваат сите есенцијални амино-киселини кои помагаат во зачувувањето на протеините, а со тоа и на мускулната маса. На пазарот постои голем избор на квалитетни whey протеински напитоци кои содржат доволни количини на BCAA амино-киселини (леуцин, изолеуцин и валин) и глутамин, кои само преку исхрана не можат да се внесат во доволна количина, поради што овие напитоци се нутритивно квалитетни. Истражувањата не покажале дека предизвикуваат здравствени проблеми, а употребата и препораките се индивидуални и треба да бидат под контрола на тренер, нутриционист и лекар. Ако рекреативно се занимавате со спорт, треба да знаете дека квалитетен и избалансиран оброк по тренинг има голем ефект врз мускулниот развој. Доволен внес на протеини можете да обезбедите преку квалитетни посни видови месо, кои ако се правилно приготвени, обезбедуваат градивни компоненти за мускулите – на прво место мисурско месо, риба, пилешко и белки од јајце. Добра комбинација на овие видови месо со соодветен зеленчук, добро испланирана, ќе даде најдобар ефект и брз напредок.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Диететика и исхрана