ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Кога е најдобро да се вечера и што да се јаде за вечера?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Еден од основните принципи на правилната исхрана е рамномерност на оброците. Тоа значи да во текот на денот треба да се придржуваме до одредено време за оброци, да не јадеме неконтролирано и без размислување. Оброците не смеат да се прескокнуваат и не треба да се гладува. Обично имаме три главни оброци и две до три ужинки. Што се однесува до вечерата, тоа е последен оброк во денот и треба да содржи најмалку калории, за да не се оптоварува желудникот пред спиење. За вечера треба да се избегнуваат тестенини, леб, полномасна храна и слатки. Најдобро е да се јадат салати со посно месо (пилешко, мисирка, риба). Вечерата треба да биде најмалку два часа пред спиење и не треба да се прескокнува.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Диететика и исхрана