ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Кофеин и пролапс на митралната валвула - какви диететски мерки се препорачуваат?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Кафето, чаевите (индиски и црн) и намирниците што содржат кофеин треба да се избегнуваат во исхраната. Останатите намирници можат да се користат во исхраната, но никогаш не треба да се претерува - оброкот треба да заврши дури и ако нема целосно чувство на ситост. Постојат намирници кои се препорачуваат во исхраната. Пред сè, риба од длабоко море (лосос, скуша, туна) најмалку двапати неделно, супена лажица мелено ленено семе (на пример во јогурт), тучени семки додадени во салати, до 50 грама ореви или бадеми дневно, бидејќи овие намирници содржат потребен однос на омега-6 и омега-3 масни киселини. Важен е и внесот на намирници богати со магнезиум: пченични ‘ртки, бадеми, пивски квасец, леблебиево брашно, бразилски ореви, печан, варен посен пасул и бел лук.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Диететика и исхрана