Кое овошје е најздраво?
11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Овошјето припаѕа во биолошки вредна и омилена група намирници. Се употребува во сурова состојба или во вид на преработки. Обично се дели во две групи: овошје богато со вода и овошје богато со масти (јатчесто овошје).
Суровото овошје богато со вода, односно сочно овошје (цреши, вишни, јаболка, круши, грозје, јагоди, малини, купини, боровинки, лубеници, дињи, кајсии, праски, лимон, портокали, смокви и др.) има висока содржина на вода (над 80%), мала енергетска вредност, голема освежителна моќ, мала содржина на белковини и масти, а нешто поголема содржина на јаглехидрати во вид на глукоза, фруктоза, сахароза и скроб. Ова овошје е драгоцен извор на витамини и минерали, па се користи и во случаите кога е потребно да се зголеми обемот на дневниот оброк, а да се намали неговата енергетска вредност. Диететската вредност зависи од зрелоста и свежината на овошјето — со подолго стоење се намалува неговата биолошка вредност.
Јатчестото овошје (орев, бадем, лешник, кикирики) се одликува со висока содржина на масти, со доминација на полинезаситени масни киселини, и висока содржина на белковини со добар аминокиселински состав, поради што има висока енергетска вредност.
Препораката е овошјето да се јаде секојдневно, одделно како ужина, а не како десерт покрај главниот оброк.
Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.
Слични прашања
- Што да се јаде, а што да се избегнува кај инсулинска резистенција?
- Како да се добие на телесна маса?
- Каков треба да биде начинот на исхрана кај прекумерна телесна тежина?
- Дали месото е штетно и како да се заменат сладките во исхраната?
- Зошто имам течна столица една година по отстранувањето на дебелото црево?
- Која е правилната хигиена при подготовка на овошје и зеленчук?