Каква треба да биде исхраната по операција на жолчно кувче?
11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
По отстранување на жолчното кувче, исхраната е многу важна. Често се мисли дека по операцијата може да се јаде сè, но во првите месеци пациентот мора да се придржува кон хигиенско-диететски режим. Во почетокот треба да се јаде варена и пасирана храна, варено зеленчук и варено бело месо, печени јаболка и да се пијат благи чаеви. По еден месец постепено се воведуваат и други намирници. Често по операцијата можат да се појават почести столици, па треба да се избегнува црвено месо, млеко и млечни производи, како и масни оброци, пекарски производи, пржена храна и слаткиши. Трајно треба да се избегнуваат масни пецива, сланина, колбаси и пржено месо, пржени јајца, масни сирења, напитоци со павлака, посластки со путер, чоколадо и ореви, јаки зачини, оцет и мајонез. Три месеци по операцијата, исхраната треба да вклучува: леб (сите видови освен со додадени масти), житарки (сите видови, особено интегрални и ориз), месо (варено, печено или динстано без маст, посно говедско, јагнешко и пилешко), млеко и млечни производи (обрано млеко, јогурт до 1% маснотии, бело неммасно сирење), зеленчук (сè, а особено грав, леќа, грашок, шеќерна пченка, зелка, спанаќ, соја), овошје (сè, а особено јаткасто и бобичасто овошје, лубеница умерено, портокал, лимонов сок), десерти (овошна салата, овошен пудинг и сутлијаш), зачини (умерено сол и зачинско билје) и масти (маслиново масло).
Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.
Слични прашања
- Што да се јаде, а што да се избегнува кај инсулинска резистенција?
- Како да се добие на телесна маса?
- Каков треба да биде начинот на исхрана кај прекумерна телесна тежина?
- Дали месото е штетно и како да се заменат сладките во исхраната?
- Зошто имам течна столица една година по отстранувањето на дебелото црево?
- Која е правилната хигиена при подготовка на овошје и зеленчук?