ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Каква треба да биде исхраната на деца кои имаат пролив?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Проливот може да трае и по неколку дена, па е важно детето да не дехидрира. Давајте му течност во мали количини, 1-2 лажички на секои 5-10 минути, користејќи некој од комерцијалните раствори за рехидрација. Првите еден до два дена, диетата треба да биде строга. Се препорачува да му се даде ориз и оризова вода. Децата добро поднесуваат и печена јаболко во рерна, потоа двопек или добро тостиран леб. Потоа постепено воведувајте варена морковка и пасиран компир со малку сол, потоа бистри супи, а извесно време продолжете со полесна храна - сув колач, пире, јогурт збогатен со корисни бактерии, сè додека не се регулира столицата. Со постепено намалување на бројот и количината на проливестите столици, треба постепено да се нормализира исхраната. Постепено воведувајте супа од зеленчук, чорба од месо и зеленчук, варен зеленчук, банани, мек сир, варено месо и риба. Првите седум дена избегнувајте да му давате мешунки, интегрални житарки, свеж зеленчук и овошје, пржена храна, коскесто овошје и млеко поради лактозата. Пример на јаловник при преминот кон стандардна исхрана: појадок - варено јајце, леб со путер, јогурт; ужина - сок од јаболко или солени крекери; ручек - варен зеленчук и варено пилешко месо; ужина - банана; вечера - чорба од зеленчук и риба.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Диететика и исхрана