Каква треба да биде исхраната кај панкреатитис?
11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Кај заболувања на панкреасот се преминува од течна исхрана, преку исхрана со мал внес на масти, до редовна исхрана, во зависност од толеранцијата на намирниците. Храната треба да се внесува во повеќе помали оброци, приближно на секои 3 до 4 часа. Препорачлива е исхрана со висока содржина на протеини и намален внес на масти. Не треба да се јаде пржена и мрсна храна, сувомесни производи, мрсно месо, маргарин, тестени производи со маргарин и путер, сурово зеленчук богато со целулоза, варена зелка, репка, млечен сладолед (доколку е покачена гликемија и триглицериди), алкохолни и газирани пијалаци. Сигурен внес на белковини е преку леќа, компир пасул (црвен, шарен) и лушпести плодови, со предлог 2 порции дневно од 200 гр (пасул, леќа, тофу, грашок) или една помала порција месо, риба, сирење. Дозволено е да се јаде леб од пченично брашно, од претходен ден или малку пресушен, интегрален леб, бел и интегрален ориз, кус-кус, двопек, немрсни кексови, тестенини од хељда, тортиља и пуканки без путер. Мастите се значително намалени и главно потекнуваат од млечни производи. Може да се јаде млечни производи – јогурт, кисело млеко, кефир и свежо сирење, белка од јајце, посно говедско, телешко, пилешко месо без кожа, белка од јајце и речна риба со отстранета кожа. Масти може да се внесат до 70 г дневно. Сметајте дека околу 40 г маст ќе се внесе преку месото, малку преку млеко и сирење, а додатно околу 10 г (две кафени лажички) маслиново масло. Одредено време не треба да се јадат концентрирани шеќери како мед, џем, шеќер и слатки. Зеленчукот се подготвува во вид на чорбички или поретко пире (се додава малку млеко или вода во која се варел зеленчукот). Од зеленчук може да се јаде компир, морков, цвекло и тиква. Од овошје најдобро е печена и варена јаболка. Подоцна во исхраната се предлага 2/3 од вкупните диететски потреби да ги сочинуваат свежо овошје, зеленчук, мешунки и интегрални житарки, 2 шолји сурово или кратко проварен зелен листен или коренов зеленчук (прокељ, брокола, спанаќ, блитва, боранија, зелена салата, пиперка, целер, цвекло), а сиот зеленчук да се подготвува без додавање масти. Потоа да се користат намирници богати со ликопен (црвен грејпфрут, пиперки, домати) и витамин Ц (диња, лубеница), со дневен внес од 3 парчиња свежо овошје (јаболка, круши, бобичаво овошје или цитрусно овошје).
Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.
Слични прашања
- Што да се јаде, а што да се избегнува кај инсулинска резистенција?
- Како да се добие на телесна маса?
- Каков треба да биде начинот на исхрана кај прекумерна телесна тежина?
- Дали месото е штетно и како да се заменат сладките во исхраната?
- Зошто имам течна столица една година по отстранувањето на дебелото црево?
- Која е правилната хигиена при подготовка на овошје и зеленчук?