Каква треба да биде исхраната кај луѓе со целијакија?
11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Целијакијата е трајна нетолеранција на организмот кон глутен, протеин кој се наоѓа во пченицата и другите житарки. Строгата бездглутенска исхрана е моментално единствената ефикасна терапија која на болните гарантира подобрување на здравствената состојба, исчезнување на клиничките знаци на болеста и обновување на нормалната структура на цревната слузница. Кај лица со целијакија може да се јави и нетолеранција на лактоза поради оштетување на слузницата на тенкото црево. По преминувањето на бездглутенска исхрана и по нормализирањето на цревната слузница, нетолеранцијата на лактоза може да остане. Постојат многу природни производи кои не содржат глутен и кои слободно можат да се користат, како на пример ориз, пченка, разни видови брашно без глутен (од компир, хељда), млечни производи, месо, риба, јајца, растителни масла, зеленчук и овошје. На пазарот е достапен голем асортиман производи наменети за лица со целијакија (леб, тестенини, бисквити, житарки итн.), кои се препознатливи по знакот отпечатен на пакувањето – „прецртан клас пченица“ – знак кој гарантира отсуство на глутен. Од исхраната мора строго да се елиминираат сите производи што содржат деривати на пченица и други житарки со глутен. Препорачливо е, за одржување на добра општа состојба на организмот, да се јаде разновидна храна, да се пие доволно вода и умерено да се користи сол. Разновидноста во исхраната е важна. Основна храна која мора да е застапена во поголеми количини се житарките, без глутен, и треба да се консумираат уз секој главен оброк. Во текот на денот препорачливо е да се внесат 3 оброка зеленчук и 2 оброка овошје (оброк - една полна дланка, околу 130 g), јогурт и сирење двапати дневно, и по еден оброк месо или риба за ручек. Маслиновото масло може да се користи како прелив за салати. При подготовката на храната треба да се користат исклучиво состојки без глутен и да се избегнува контаминација со храна која содржи глутен, да се минимизира внесот на шеќер и да се практикуваат редовни спортски активности.
Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.
Слични прашања
- Што да се јаде, а што да се избегнува кај инсулинска резистенција?
- Како да се добие на телесна маса?
- Каков треба да биде начинот на исхрана кај прекумерна телесна тежина?
- Дали месото е штетно и како да се заменат сладките во исхраната?
- Зошто имам течна столица една година по отстранувањето на дебелото црево?
- Која е правилната хигиена при подготовка на овошје и зеленчук?