ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Каква треба да биде исхраната кај луѓе кои боледуваат од гихт?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Гихтот е метаболичко заболување при кое доаѓа до зголемување на мочната киселина и таложење на нејзините соли на различни места во телото, особено во бубрезите, зглобовите и мекото ткиво. Го карактеризира силна болка, најчесто ноќе, во еден зглоб. Зафатениот зглоб е болен, отечен и зацрвенет. Првиот напад на гихт може да биде предизвикан од повреда, операција, нагло мршавење или консумирање алкохол. Во третманот на гихтот многу е важна правилната исхрана, со цел да се подобри циркулацијата и да се елиминира вишокот течност и штетни материи од организмот. Од исхраната треба да се исклучат намирници богати со пурини, како што се џигерка и други внатрешни органи, квасец, херинга, скуша и сардини. Намирниците со умерена содржина на пурини можат да се консумираат повремено и во мали количини - риба, месо, школки, грав, леќа, печурки, спанат, карфиол и грашок, освен во акутна фаза на болеста, кога и нив треба да се избегнуваат. Намирниците со ниска содржина на пурини се млеко, бело сирење, бел леб, ориз, јајца и кафе, и можат да се консумираат секојдневно. Се смета дека за превенција на напади во исхраната треба да се вклучат домати, цреши, јагоди, боровинки, сок од морков, целер и магдонос. Неопходно е да се внесува што повеќе течност. Луѓето со гихт можат да консумираат хељда и производи од хељда, освен леб и пецива од оваа житарица приготвени со квасец.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Диететика и исхрана