ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Каква треба да биде исхраната кај лица со астма?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Астмата е хронично заболување на дишните патишта чија точна причина не е позната, но склоноста кон астма често се јавува наследно кај лица преосетливи на алергени. Бројот на заболени со годините се зголемува, особено во урбаните средини. Исхраната на лицата со астма треба да се базира на свежо зеленчук и овошје, орашасти плодови и семки, и цели зрна житарки (особено овес и потполнозрнест ориз). Препорачливо е да се јаде повеќе пати на ден, во помали оброци. Треба да се избегнуваат изразито ладни пијалаци бидејќи можат да ги иритираат бронхиите и да предизвикаат напад на астма. Исто така треба да се избегнува шеќерот. Ако кај астматичарите се сомнева и на алергија на храна, или ако одредени намирници влошуваат состојбата, треба да се спроведе елиминациона дијета и тие намирници да се исфрлат од исхраната. Кај астматичарите може да дојде до дефицит на витамин Б6 и Ц, како и на магнезиум и селен, па се препорачува суплементација со овие елементи. Прополисот може да биде корисен бидејќи делува смирувачки на мукозните мембрани.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Диететика и исхрана