Каква треба да биде исхраната кај деца со дијабетес?
11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Каков став детето ќе има кон дијабетесот зависи многу од родителите. Важно е детето да се информира и научи за сè што е поврзано со ова заболување, а вие да му усадите навика постојано да учи и да дознава нови работи за дијабетесот.
Исхраната, заедно со соодветната терапија, е многу важна – всушност, исхраната на дијабетичарите претставува модел на правилна исхрана каков што би требало сите да го применуваме.
Временскиот распоред на оброците е многу важен за контрола на шеќерот во текот на целиот ден, затоа треба да се јаде секој ден во исто време и да не се прескокнуваат оброци. Храната треба да биде свежо приготвена, со предност на варена храна, а да се избегнува пржење и додавање масти и силни зачини. Бројот на оброци треба да биде 5-6 дневно, рамномерно распоредени.
Изберете претежно посни видови месо (пилешко, мисирско, телешко, риба). Се препорачуваат млечни производи од обрано млеко, а да се избегнуваат помасните млечни производи (павлака, кајмак, полномасни сирења). Супите и чорбите треба да содржат зеленчук, без масти и тестенини.
Се препорачува црн, ’рж или граам леб, а кон оброк што содржи компир, ориз, грав или грашок не се препорачува леб. Тестенините да се избегнуваат, освен оние од интегрално брашно. Јајца да се јадат двапати неделно, а белката може и почесто.
Да не се консумираат слатки со концентриран шеќер и заслалеагуе сокови, бидејќи содржат едноставни шеќери и брзо го подигнуваат нивото на шеќер во крвта. Шеќерот да се внесува преку оброци со овошје.
Основа на исхраната нека биде зеленчукот (келераба, кељ, млад грашок, зелка, зелена салата, броколи, карфиол, пиперка, домат, краставица, модар патлиџан, тиквички, спанаќ, целер, ротквички...).
Многу е важно шеќерот во крвта да има одредена „здрава“ вредност во текот на целиот ден и редовно да се контролира со совети од педијатар. Физичката активност е задолжителна, што кај децата е и вообичаено.
Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.
Слични прашања
- Што да се јаде, а што да се избегнува кај инсулинска резистенција?
- Како да се добие на телесна маса?
- Каков треба да биде начинот на исхрана кај прекумерна телесна тежина?
- Дали месото е штетно и како да се заменат сладките во исхраната?
- Зошто имам течна столица една година по отстранувањето на дебелото црево?
- Која е правилната хигиена при подготовка на овошје и зеленчук?