ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Каква исхрана се препорачува кај пациенти со срцеви заболувања и висок крвен притисок?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Покачениот крвен притисок е многу честа болест на современиот човек и доколку не се лекува, може да доведе до заболувања на срцето, крвните садови и разни компликации. Освен лекови, потребно е да се применат и општи мерки - да се зголеми физичката активност, да се намали напнатоста и, што е многу важно, да се обрне внимание на исхраната. Правилниот начин на исхрана е многу битен во превенцијата и лекувањето на кардиоваскуларните болести и во спречувањето на појавата на многу други заболувања, како што се дијабетес, дебелина и покачено ниво на масти во крвта. Во исхраната може да се примени медитеранската дијета, која денес се смета за најздравиот начин на исхрана. Таа подразбира внес на храна со малку заситени, а многу незаситени масти и диетални влакна (маслиново масло, сусам, орев, авокадо, масло од репка, ленено масло). Маслиновото масло го намалува холестеролот и крвниот притисок, па претставува добра замена за путер и маргарин. Изобилството на овошје и зеленчук (зелени лиснати растенија, салати, супи од зеленчук) ја намалуваат телесната маса и ги регулираат мастите и шеќерот во крвта. Лебот може да се замени со компир и интегрален ориз. Треба да се јадат житарки од цело зрно, варена пченица, тестенини, леќа и разновидни сушени мешунки. Сините риби се богати со омега-3 полинезаситени масни киселини, кои го намалуваат триглицеридот, холестеролот, крвниот притисок и факторите на воспаление и тромбоза. Шака ореви, бадеми или лешници се одлична замена за пржени и солени грицки. Кај кардиоваскуларните заболувања многу е важно да се ограничи внесот на сол. Секоја препорачана дијета мора да биде индивидуална, во склад со нутритивната и општата здравствена состојба на пациентот. Неопходна е и физичка активност, која мора да одговара на способностите и можностите на пациентот.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Диететика и исхрана