Каква исхрана се препорачува кај новооткриен дијабетес?
11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Успехот во лекувањето на дијабетесот зависи пре сè од самоконтролата, правилната исхрана, секојдневната физичка активност (утринска гимнастика, брзо одење, што повеќе престој во природа) и се разбира придржување кон терапијата определена од страна на ендокринолог.
Намирници кои треба да се исклучат од исхраната:
1) Шеќер и мед во било која форма
2) Полномасно млеко и полномасни млечни производи
3) Бел леб, тестенини, колачи и слично (сè од бело брашно)
4) Масти – свинска маст, рафинирани масла, маргарин
5) Слатко овошје и преработки од овошје (грозје, лубеница, диња, ананас)
6) Сувомеснати производи, свинско месо, сите масни меса – говедско, телешко месо
7) Алкохол
Намирници кои се дозволени:
1) Леб, помали количини од црн или ’ржен
2) Житарки – јачмен, овес, пченица, интегрален ориз (варен); овесни ливчиња, трици; брашно од јачмен, овес и ’рж
3) Пченични 'ртки
4) Зеленчук – магдонос корен и лист, целер (во супи и чорби); компир, грав и грашок, печурки, блитва, кељ, брокула, бел и црн лук, свежа коприва, леќа, соја, зелка, карфиол, рен, домати, пиперки, краставици, зелена салата (за главни јадења и салати), преработки од соја
5) Сокови од зеленчук (цвекло, целер со додаток на лимонов сок)
6) Зачини – цимет, каранфилче, лаворов лист
7) Бело месо од мисирка и пилешко без кожа, коњско и ждребешко месо, риба (варена или подготвена во сопствен сок без додаток на маст, или во рерна)
8) Јогурт (ацидофилен со помал процент маст), кефир, посен млад сир, суреница
9) Маслиново масло, рибино масло
10) Пивски квасец
11) Овошје – јаболка, круши, дуњи (свежи, варени, печени или сок); киви, лимон, грејпфрут (не портокал и мандарина); боровинки, вишни, рибизли
12) Неколку парчиња јатко овошје
Се препорачуваат чаеви од лушпи од грав, коприва, црна дуда, глуварче или трева „сакам-не сакам“. Циметот да се користи што почесто. Да се користи што повеќе овес (варен), овесни ливчиња (во јогурт, чорби). Секојдневно да се јаде значителна количина на бел и црн лук, како суров така и во јадења. Соја, грав, грашок и леќа да се користат што повеќе наместо месо.
Овошниот сок „без шеќер“ содржи свој природен шеќер и дијабетичарите не би смееле да испијат повеќе од 1 dl. Намирници со висок гликемиски индекс се пченкарни ливчиња, морков, компир пире, мед, ориз, бел леб, кекс, цвекло, банани, лубеница.
Пример за дневен јадовник:
- Појадок: ’ржен леб 60г, немасен сир за мачкање 30г, 20г мисирско месо, домат, кисело млеко 180мл
- Ужина: 1 средно јаболко (100г) со 2-3 бадема
- Ручек: чорба од зеленчук 200г, варено или печено пилешко 120г, варен спанаќ 200г, маслиново масло – 1 кафена лажичка
- Ужина: 2 кивија
- Вечера: туна во сопствен сок 80г, црн леб 50г, црвен лук, јогурт 200мл ако се легнува подоцна
- Ужина: сок од домати 200мл
Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.
Слични прашања
- Што да се јаде, а што да се избегнува кај инсулинска резистенција?
- Како да се добие на телесна маса?
- Каков треба да биде начинот на исхрана кај прекумерна телесна тежина?
- Дали месото е штетно и како да се заменат сладките во исхраната?
- Зошто имам течна столица една година по отстранувањето на дебелото црево?
- Која е правилната хигиена при подготовка на овошје и зеленчук?