Каква исхрана се препорачува кај хемороиди?
11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Правилната исхрана е изразито важна во лекувањето на хемороидите, без оглед на фазата на болеста. За да се спречи затвор, како една од причините за настанување на хемороиди, потребно е да се внесуваат многу влакнести материи, односно диететски влакна, и најмалку два литри течност.
Треба да се избегнува: сува, масна и пржена храна, храна со многу месо и сол, рафинирана храна сиромашна со диететски влакна, кафе (кофеин), јаки чаеви (теобромин) и разни лаксативни средства. Производите од бело брашно предизвикуваат надуеност и го отежнуваат празнењето, па затоа треба да се внимава. Треба да се избегнуваат газирани пијалаци и алкохол, кои можат да доведат до ширење на хемороидалните вени. Лутите пиперки, црниот бибер и кариот ги иритираат цревата и слузницата на анусот.
Потребно е да се користат: сурово овошје и зеленчук (посебно корисни се морков, цвекло, брокола, зелка, целер, јаболко) и свежо цедени сокови од овошје и зеленчук (сок од кисела зелка), суви смокви, суви слива (навечер натопете шака суви сливи или смокви, а наутро изедете го овошјето и испијте ја течноста), леб од интегрално брашно, трици (пченични или оризови), овесни, пченични, јачменови ленти (триците и лентите да се јадат натопени во јогурт или чорба), за вечера да се јаде варена пченица, ленено семе самелено и додадено во храна (чорби, салати), чорби од разен зеленчук, посебно корисни се јадења од грав и грашок.
Препорачливо е да се пие доволно течност: наутро на гладно да се испие чаша млака вода со лажичка мед или млака вода со лимонов сок; пред секој оброк да се испие чаша вода. Една супена лажица ладно цедено ленено масло дневно ги омекнува столиците, а чајот од рузмарин ги јакне зидовите на крвните садови.
Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.
Слични прашања
- Што да се јаде, а што да се избегнува кај инсулинска резистенција?
- Како да се добие на телесна маса?
- Каков треба да биде начинот на исхрана кај прекумерна телесна тежина?
- Дали месото е штетно и како да се заменат сладките во исхраната?
- Зошто имам течна столица една година по отстранувањето на дебелото црево?
- Која е правилната хигиена при подготовка на овошје и зеленчук?