ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Каква исхрана одговара на луѓето со крвна група А позитивна?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Исхраната според крвните групи се базира на претпоставката дека крвната група влијае на предиспозицијата за развој на одредени болести доколку се избира храна што не одговара на организмот. Досега не постојат научни докази дека исхраната треба да се заснова на крвните групи. Сепак, постои детален список на намирници за оние кои сакаат да го пробаат овој начин на исхрана. Теоретски, се смета дека на луѓето со крвна група А им одговара вегетаријански начин на исхрана, што може да доведе до недостаток на витамин Б12, железо и одредени аминокиселини. Затоа, покрај растителна храна, тие треба да консумираат и риба. Луѓето со крвна група А имаат чувствителни органи за варење и низок степен на хлороводородна киселина во желудникот, која е неопходна за варење на тешки протеини од месо, па често се чувствителни и на глутен. Прашањето за исхраната според крвните групи ќе продолжи да се истражува во иднина, со цел да се утврди колку е таа научно оправдана.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Диететика и исхрана