ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Каква исхрана (дијета) се препорачува кај присуство на Candida?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Габичките од родот Candida се присутни во надворешната средина, но исто така се дел од нормалната флора на човекот. Сепак, тие можат да станат доминантни и да предизвикаат патолошки состојби. Во услови на нарушување на микрофлората (најчесто поради антибиотска терапија, ослабен имунитет, зголемена влажност или зголемена концентрација на јаглехидрати) се создаваат услови за појава на локална инфекција на местото на дотогашната колонизација. Порано се сметало дека само Candida albicans поседува патоген потенцијал, но денес е познато дека и другите видови можат да предизвикаат микоза, односно заболување предизвикано од габички. Најзначајните превентивни мерки се состојат во спречување на нарушувањето на рамнотежата на нормалната микрофлора, зајакнување на имунитетот на организмот и соодветна исхрана. Секоја болест на дигестивниот тракт и придружните органи го прекинува физиолошкиот циклус на варење, метаболизам и апсорпција. Изборот на храна помага во контролата на симптомите, но и во терапијата на заболувањето. Целта на дијетата кај кандидијаза е да се изврши детоксикација на организмот, да се намали популацијата на габички, организмот да се снабди со пробиотици и долгорочно да се подобри исхраната. Детоксикацијата најдобро се спроведува со краткотрајно гладување, чистење на дебелото црево, пиење доволно вода и сокови од цедено зеленчук, како и редовна, прилагодена физичка активност. Храна што треба да се избегнува кај кандидијаза: храна засладена со шеќер, сушено и слатко овошје, производи од бело брашно (леб и пецива со квасец), бел ориз, компир, млеко, сирења и кашкавал, сувомеснати производи и масти месо, печурки, оцет, кисела и ферментирана храна што содржи квасец, алкохол (особено вино и пиво). Храна што се препорачува кај кандидијаза: јогурт и ацидофилни напитоци, производи од цело зрно жито, морска риба, ореви, маслинки, маслиново масло, овошје освен слатките видови, овошни сокови со нискокалорични засладувачи, незасладено сојино млеко, ленено семе и масло од саќурак. Што се однесува до пијалаците, можат да се консумираат фла́ширана вода, лимонада, чај и кафе без шеќер, како и свежо цедени сокови од зеленчук.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Диететика и исхрана