ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Каква исхрана (дијета) се препорачува кај гастритис?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Гастритисот се карактеризира со нарушено варење и воспаление на слузницата на желудникот. До ова заболување може да дојде поради неправилна и нередовна исхрана, консумирање брза и мрсна храна, газирани сокови, алкохол и поголеми количини кафе. Може да го предизвика и неконтролирана употреба на одредени лекови, но и бактеријата Helicobacter pylori. Симптомите вклучуваат болка во стомакот поврзана со земање храна, гадење, надуеност, појава на гасови и губење апетит. Во лекувањето на гастритисот исхраната има многу важна улога. Потребно е меѓу оброците да има доволен растојание (повеќе помали оброци во текот на денот), да се избегнува прејадување, како и зачинета, пржена, врела и кисела храна, овошни сокови со лимонска киселина, чоколадо и сувомеснати производи. Храната која се препорачува кај гастритис е богата со влакна, со малку масти и натриум. Се препорачуваат компир, грав, грашок, целер, пченка, трици, овесна каша, јаболка, јагоди, смокви и благи чаеви. Сите намирници кои предизвикуваат тегоби после јадење треба да се избегнуваат. Храната треба да се подготвува со варење или готвење на пареа, без додавање на јаки зачини и масти.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Диететика и исхрана