ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Каква е препорачаната исхрана за луѓе со А крвна група?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Исхраната според крвните групи се заснова на претпоставката дека крвната група влијае врз развојот на одредени болести доколку се избира храна која не ни одговара, односно дека луѓето со определени крвни групи имаат предиспозиција кон развој на различни болести, што понатаму може да се влоши со погрешен избор на намирници. Засега не постојат научни докази дека исхраната треба да се заснова на крвните групи. Постои детален список на намирници за оние кои сакаат да пробаат овој начин на исхрана. Теоретски, се смета дека луѓето со А крвна група одговара вегетаријански начин на исхрана, што може да доведе до недостаток на витамин Б12, железо и одредени аминокиселини. Затоа, луѓето со А крвна група, покрај растителна храна, треба да консумираат и риба. Исхраната според крвните групи ќе биде предмет на понатамошни истражувања, кои ќе покажат колку е оправдана и научно прифатлива.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Диететика и исхрана