ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Каква е дијетата по крвни групи?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Оваа дијета нуди список на намирници кои треба да се јадат или да се избегнуваат во зависност од крвната група. Основната идеја е дека секоја крвна група има антигенски маркер кој реагира неповолно на внесот на одредени намирници, и дека различните нивоа на желудечна киселина и ензими за варење кај различни луѓе се поклопуваат со крвната група. Меѓутоа, засега не постојат научни факти и докази дека начинот на исхрана треба да се заснова на крвните групи. Теоријата дека дијетата треба да биде дизајнирана според крвните групи се базира на тврдењето дека крвните групи настанале во различни периоди од човечката еволуција, па според тоа секому му одговара храната која ја јадели неговите предци. Бидејќи во дијетата по крвни групи постои детален список на намирници што треба да се јадат, ако сепак одлучите да пробате таков начин на исхрана, наведените намирници поделете ги во почести, но количински помали оброци, со препорачано овошје како ужина. Кај вегетаријанскиот начин на исхрана предвиден за луѓе со крвна група А, може да дојде до дефицит на витамин Б12, железо и одредени амино киселини, затоа исхраната треба да биде урамнотежена и да содржи доста овошје и зеленчук, а амино киселините треба да се надополнат со консумирање риба. Теоретски, се смета дека луѓето со крвна група А, поради нивната конституциска издржливост, треба да спроведуваат полесни физички активности, лесни вежби и пилатес. Исхраната по крвни групи, која се повикува на биолошката индивидуалност, дава нови насоки за идни истражувања што ќе покажат колку е таа оправдана и научно поткрепена.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Диететика и исхрана