ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Како селенот дејствува на организмот и во кои намирници го има?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Селенот спаѓа во групата есенцијални минерали и во организмот го има во многу мала количина, но е важен за здравјето. Тој е антиоксидант и неутрализира ефектот на слободните радикали, придонесувајќи за намалување на оштетувањата што настануваат под нивно дејство. Селенот штити кожата, мускулите и мозокот од стареење, учествува во превенцијата на кардиоваскуларни болести, го снижува нивото на LDL холестеролот и го подига имунитетот. Во црниот дроб поттикнува излачување на одредени токсини, а е вклучен и во производството на хормони на тироидната жлезда. Недостатокот на овој минерал може да доведе до мускулна слабост, срцеви заболувања и атеросклероза. Кај мажите селенот влијае на подвижноста на сперматозоидите. Во организмот се внесува преку храна, па ако се хранете здраво и разновидно, треба да внесувате доволно селен. Нивото на селен се намалува при прекумерно пушење, прекумерна консумација на алкохол и проблеми со апсорпцијата на храна. Намирници кои содржат селен се пред сè бразилски ореви, а потоа џигерица, бубрег, месо, морски плодови, туна, целозрнести житарки, соја, пивски квасец и јајца. Концентрацијата на селен варира и зависи од земјиштето и водата каде што се одгледувани производите.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Диететика и исхрана