ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Како исхраната влијае на создавањето масни наслаги?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Не постои храна од која директно се дебелееме или ослабуваме. Клучот е во паметниот внес на храна и задолжителната физичка активност, кои придонесуваат за подобрување на метаболизмот, а тоа му овозможува на организмот да ги користи своите природни механизми за регулирање на телесната тежина. Мерењето еднаш неделно е најлесен начин да се утврди дали сте во енергетски баланс. Ако внесувате повеќе калории отколку што трошите, тоа ќе се одрази со зголемување на телесната тежина, додека создавањето на енергетски дефицит ја намалува истата. Бројот на калории потребни за постигнување енергетски баланс е изразито индивидуален и се менува од ден во ден, во зависност од нивото на физичка активност.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Диететика и исхрана