ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Како да се здобијам со телесна тежина?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Кај многу млади луѓе мршавоста е нормална појава и може да биде предизвикана од брз раст и брз метаболизам, карактеристични за адолесценцијата. Со годините метаболизмот станува побавен. За да добиете на тежина, потребно е пред сè да го зголемите калорискиот внес, а да ја намалите потрошувачката на енергија. Воспоставувањето редовни навики во исхраната е најдобар начин да се добие на тежина. Лошите навики во исхраната, забрзаниот метаболизам, стресот или генетиката можат да придонесат за тешкотии при добивањето тежина. При процесот на здебелување многу е важно да се зголеми мускулната маса, а не масното ткиво, до кое може да доведе неправилна исхрана. Затоа не е важна количината на храна, туку нејзиниот правилен избор. Ако некоја намирница е калорична, тоа не значи дека е хранлива и дека ќе помогне во изградба на мускулна маса. Јадете намирници богати со протеини: јајца, месо, риба, млеко и млечни производи, ореви и лешници, грав, грашок. Добар избор се и млечни шејкови. Намирниците богати со јаглехидрати се неопходни за да му обезбедат на организмот потребната енергија. Внесете во секојдневната исхрана интегрални житарки и зеленчук. Салатите можете да ги збогатите со маслиново масло, сирење и ореви. Јадете здрави масти богати со омега масни киселини – маслиново масло, туна, лосос, ореви. Избегнувајте маргарин. Многу е важна редовноста во исхраната – кога ќе прескокнете оброк, на телото му ускратувате енергија и тоа посегнува по резервите. Избегнувајте кафе, бидејќи кофеинот дава чувство на ситост. Наместо потешки физички активности, определете се за прошетки на свеж воздух, кои се многу корисни и ќе го зголемат апетитот. Доколку сами не успеете да ја коригирате телесната тежина, обратете се кон лекар или нутриционист.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Диететика и исхрана