ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Како да се здобијам со телесна тежина на здрав начин?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Вашиот индекс на телесна маса е нормален, така што не се работи за неисхранетост. Не постои храна од која се слабее или се дебелее. Клучот за решение е во паметен внес на храна и задолжителна физичка активност, што ќе придонесе за подобрување на метаболизмот, а со тоа организмот ќе ги користи своите природни механизми за регулација на телесната тежина. Мерењето еднаш неделно е наједноставен начин да се утврди дали сте во енергетски баланс. Ако внесувате повеќе калории отколку што трошите, тоа ќе се одрази со зголемување на телесната тежина, додека создавањето енергетски дефицит ја намалува. Бројот на калории потребни за енергетски баланс е многу индивидуален и се менува од ден на ден во зависност од нивото на активност. Покрај редовните оброци, внесувајте доволно вода и вежбајте најмалку еден час дневно.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Диететика и исхрана