Како да се вратам на тежината која ја сакам?
11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Не постои храна од која се дебелееме или се мршавееме. Клучот на решението е во паметен внес на храна и задолжителна физичка активност, што ќе придонесе за подобрување на метаболизмот, а организмот ќе ги користи своите природни механизми за регулација на телесната тежина. Мерењето еднаш неделно е наједноставен начин да се утврди дали сте во енергетски баланс. Ако внесувате повеќе калории отколку што трошите, тоа ќе се одрази со зголемување на телесната тежина, додека создавањето енергетски дефицит ја намалува. Бројот на калории потребен за енергетски баланс е изразито индивидуален и се менува од ден во ден во зависност од нивото на активност. Заедно со редовни оброци, внесувајте доволно вода и вежбајте најмалку еден час дневно.
Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.
Слични прашања
- Што да се јаде, а што да се избегнува кај инсулинска резистенција?
- Како да се добие на телесна маса?
- Каков треба да биде начинот на исхрана кај прекумерна телесна тежина?
- Дали месото е штетно и како да се заменат сладките во исхраната?
- Зошто имам течна столица една година по отстранувањето на дебелото црево?
- Која е правилната хигиена при подготовка на овошје и зеленчук?