Како да се стекне мотивација за здрава исхрана и диета?
11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Потребно е во текот на денот да се внесуваат повеќе оброци во помали количини. Освен рамномерност на оброците (обично тоа се три главни оброци – појадок, ручек и вечера, и две до три ужинки), важно е да се внесуваат намирници од сите групи: житарки, овошје, зеленчук, месо, млеко, риба, јајца, масти и масла. Овие намирници треба да се комбинираат во различни јадења така што исхраната ќе биде оптимална, ниту преобилна ниту недоволна. Јадете производи од цело зрно, внесувајте многу зеленчук, консумирајте овошје, храна со низок процент на масти и не заборавајте на физичка активност.
Избалансираната, здрава исхрана мора да се прилагоди на нашите потреби, односно на секојдневните активности и обврски. Не држете диета, туку хранете се здраво и направете промена во својот живот – усвојте здрави навики и следете како вашето тело реагира. Секој од нас е специфичен и има свои потреби и активности, па според тоа треба да внесува онолку храна колку што му е потребно за оптимално функционирање.
Добро е вечерата да биде лесна. По вечерата се троши помалку енергија отколку во текот на денот, па ако се внесат повеќе калории, тие ќе се депонираат како масно ткиво. За вечера е добро да се јадат посни видови месо (пилешко, мисирско, риба), подготвени со помалку масти, или посни видови сирење. Уз ова, најдобро е да се јаде сезонска салата од свеж зеленчук со маслиново масло и исцеден лимон. Не е потребно да ја избегнувате вечерата. Вечерајте најмалку 2–3 часа пред спиење.
Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.
Слични прашања
- Што да се јаде, а што да се избегнува кај инсулинска резистенција?
- Како да се добие на телесна маса?
- Каков треба да биде начинот на исхрана кај прекумерна телесна тежина?
- Дали месото е штетно и како да се заменат сладките во исхраната?
- Зошто имам течна столица една година по отстранувањето на дебелото црево?
- Која е правилната хигиена при подготовка на овошје и зеленчук?