ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Како да се справам со недостаток на килограми?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Лошите навики во исхраната, забрзаниот метаболизам, стресот или генетиката можат да придонесат да не можете да се здобиете со тежина. При процесот на добивање килограми многу е важно да се зголемат мускулите, а не масното ткиво, до што може да доведе неправилна исхрана. Затоа не е важна количината на храна, туку нејзиниот правилен избор. Ако некоја намирница е калорична, тоа не значи дека е хранлива и дека ќе помогне за изградба на мускулна маса. Јадете намирници богати со протеини: јајца, месо, риба, млеко и млечни производи, ореви и лешници, боранија, грашок. Добар избор се и смути напитоците. Намирниците богати со јаглехидрати се многу потребни за да се обезбеди организмот со потребна енергија. Вклучете во исхраната секојдневно интегрални житарки и зеленчук. Салатите можете да ги обогатите со маслиново масло, сирење и ореви. Јадете здрави масти богати со омега масни киселини – маслиново масло, туна, лосос, ореви. Избегнувајте маргарин. Многу е важна редовноста во исхраната. Кога прескокнете некој оброк, телото го лишувате од енергија, па тоа посегнува по резервите. Избегнувајте кафе бидејќи кофеинот дава чувство на ситост. За килограмите што ги добиете да се претворат во мускули, вежбајте со тегови најмалку три пати неделно. Наместо трчање, изберете шетање на свеж воздух, кое е многу корисно и дополнително ќе го зголеми апетитот.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Диететика и исхрана