ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Како да се смалее телесната тежина и потоа да се одржи постигнатиот резултат?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Целта на дијетата е промена на навиките во исхраната, бидејќи само на тој начин може да се одржи изгубената телесна маса. Ако се придржувате кон препишаната дијета, губите килограми, но ако по неа се вратите на старите навики – прескокнување оброци, јадење непосредно пред спиење, чест внес на брза храна, секојдневно јадење слатки и недостаток на физичка активност – килограмите сигурно се враќаат. И по дијетата треба да остане „мисловна дијета“ во главата: на пример, на прослава наместо десет ситни колачиња јадете два, наместо пица за вечера јадете салата со сирење, кога јадете повеќе – зголемете ја физичката активност, а кога поради обврски не можете да имате оброк, наместо да влезете во пекара, извадете и џвакајте стапчиња целер и морков. Калорискиот внес не треба да надминува 1800–2000 kcal/ден кога сте во фаза на одржување на телесната маса. Што се однесува до дијетата за редукција на телесната маса – дневниот план на исхрана се прави врз основа на енергетските потреби на личноста, со користење на систем на групи намирници според нивната биолошка вредност, и со редукција на намирници од групите масти и слатки, односно шеќерни концентрати кои немаат никаква нутритивна вредност за организмот. При составувањето оброци се избираат намирници со голема биолошка вредност и заситувачка моќ, а мала енергетска вредност (зеленчук, овошје, интегрални житарки и производи од нив). Најдобар ефект врз губењето на телесната маса покажале умерено рестриктивните дијети (не помалку од 1200 kcal дневно), базирани на принципите на правилна исхрана. Пример: житарки – интегрален леб или тонус до 100 g/ден; 3 лажици овесни снегулки или овесна каша; млеко – обрано, јогурт, кисело млеко (до 400 g/ден); сирење – посно кравјо до 50 g/ден; месо – говедско, живинско (120 g/ден печено на скара или варено); риба (лосос, харинга, скуша, пастрмка, најмалку два пати неделно, 150 g/ден); овошје 400 g/ден (во две порции); зеленчук 300 g/ден (6 лажици варен или на скара плус поголема чинија мешана салата); маслиново масло 1 лажица односно 15 g/ден. Основата на оваа дијета е исхрана базирана на зеленчук, овошје, интегрални житарки, орви плодови и семиња, маслиново масло, немасно месо и риба. Важно е оброците да бидат распоредени – помали оброци на секои 3–4 часа, без прескокнување, а последниот внес на храна да биде до три часа пред спиење. Општ предлог за јаловник: за појадок – измиксирајте во блендер јогурт и овесни снегулки со две лажици мешавина од семиња ленено семе, сончоглед и тиква, додадете исецкана или ренда јаболко и една лажица мелени ореви, лешници, бадеми и малку цимет (наместо јогурт може да се користи и немасно сирење). Овошна ужина (150 g овошје – јаболко, киви). Ручек – 150 g месо или риба на скара, салата од повеќе видови свеж зеленчук. Овошна ужина (две мандарини). Вечера, четири часа пред спиење – бујон од зеленчук или зеленчук на скара 200 g, едно парче интегрален леб. Два до три пати неделно можете да си дозволите две коцки црна чоколада, на пример во периодот на ПМС.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Диететика и исхрана