ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Како да се ослободам од вишокот килограми и целулитот?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Целулитот настанува како последица на прекумерно зголемување на волуменот на клетките на масното ткиво, односно нецелосно излачување на токсините кои се задржуваат во телото, што го спречува нормалниот одвод на крвта и лимфата задолжени за изнесување на отпадните материи од ткивото. Причина за появата на целулитот е несоодветната исхрана и недостигот на физичка активност, а може да биде и генетски условен. Отстранувањето на целулитот е долготраен процес, а здравата исхрана е секогаш вистински избор. Антиоксидансите од храната ги неутрализираат слободните радикали и ја подобруваат микроциркулацијата. Внесувањето поголема количина течности исто така помага и ја поттикнува дренажата и детоксикацијата на организмот. Пожелна е диета со намален внес на калории бидејќи ќе го запре понатамошното полнење на масните клетки. Повеќе движење и физичка активност ги активираат мускулите и ја зголемуваат циркулацијата, а со тоа и снабдувањето на ткивата со кислород и витамини. Нагли диети кои исклучуваат одредени намирници не се препорачуваат. Влакната се клучни за ослободување од целулитот бидејќи помагаат при варењето и исфрлањето на токсините. Намирници богати со влакна се овошјето, зеленчукот и целите зрна житарки. Во исхраната треба да вклучите лосос, боровинки, јаболков оцет, црна чоколада, кељ, јачмен, семки од сончоглед, лешник, коренче ѓумбир и рузмарин. Избегнувајте растителни масти, полномасни млечни производи, масно месо, џигерица и слични изнатрости, тестенини и слатки.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Диететика и исхрана