ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Како да се одржи телесната тежина по дијета?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Целта на секоја дијета е промена на навиките во исхраната, бидејќи само на тој начин може да се задржи изгубената телесна маса. Ако се придржувате до препишаната дијета, вие губите килограми, но ако по неа се вратите на старите навики – прескокнување на оброци, јадење непосредно пред спиење, чест внес на брза храна – ефектот брзо се губи. Најдобар ефект врз губењето на телесната маса покажале умерено рестриктивните дијети (не помалку од 1200 kcal дневно), заснованина принципите на правилна исхрана. Основата на таквата исхрана е зеленчук, овошје, интегрални житарки, јаткасти плодови и семки, маслиново масло, немасно месо и риба. Важно е да се јаде во помали оброци на секои 3–4 часа, без прескокнување на оброци, а последниот внес на храна да биде најмалку три часа пред спиење. Физичката активност е исклучително важна за урамнотежен и здрав живот – вежбањето развива мускулатура, а колку повеќе мускулна маса имате, толку е повисок базалниот метаболизам и се троши повеќе енергија. Исхраната треба да се прилагоди на потрошувачката на енергија, без изгладнување, особено ако сте физички активни, бидејќи тоа ви обезбедува повеќе енергија, сила и подобри резултати од тренинзите. Броењето калории не е неопходно – важно е потеклото на калориите, а не нивниот број. Не треба целосно да се исклучи ниту една група намирници, туку да се користат сите – посно месо и млечни производи, житарки, зеленчук, мешунки и овошје. Ако не консумирате слатки, шеќерот најдобро е да потекнува од овошје, а по некогаш може да се внесе и малку темно чоколадо. Не треба да си ускратувате никаков вид храна, ниту да прескокнувате оброци, и треба да внимавате телесната тежина да не продолжи да опаѓа, особено ако сте на граница помеѓу нормална и потхранетост. За индивидуален план на исхрана, прилагоден на возрастта и енергетските потреби, најдобро е да се обратите кај нутриционист.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Диететика и исхрана