ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Како да изгубам 32 килограми телесна тежина?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Диетата по препорака на нутриционист, заедно со засилена физичка активност, се првите чекори кон намалување на телесната тежина. Потребно е да се направи и ендокринолошки преглед со лабораториски анализи (крвна слика, ЦРП, ТСХ, ФТ4, утринск кортизол, АЦТХ, холестерол и триглицериди) за да се утврди дали постојат ендокринолошки причини за прекутежината. Постои и лек кој се дава по препорака на ендокринолог во форма на поткожни инјекции еднаш неделно, со редовно следење, а кој е многу ефикасен во третманот на прекутежина и дебелина. Психолошкото советување исто така може да помогне да се создадат поздрави навики и да се чувствувате подобро.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Диететика и исхрана