ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Дали три литри вода со лимон дневно можат да штетат?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Лимонот содржи лимонска киселина, минерали и голем број витамини, особено витамин C. Се наоѓа меѓу намирниците со највисока содржина на антиоксиданси. Благодарение на лимонската киселина, помага во неутрализирање на токсините и нивното дејство, го забрзува разлагањето на мастите и го подобрува искористувањето на хранливите состојки. Состојките на лимонот, особено витаминот C, го зајакнуваат коскеното и врзивното ткиво и штитат од инфекции. Витаминот C од лимонот го подобрува и внесувањето на железото од храната. Лимонадата е одлична за освежување на организмот и за варењето, а се препорачува и при диети за редукција на телесна тежина бидејќи дава чувство на ситост, а истовремено ја подига енергијата кога сте уморни. Секако е добро да пиете лимонада и сигурно нема да ви штети.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Диететика и исхрана