ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Дали трешните се здрави?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Трешните се сезонско овошје кое содржи растителни влакна, минерали, витамини и органски киселини. Богати се со флавоноиди - пигменти кои имаат улога во врзувањето на слободните радикали во организмот. Трешните содржат значителна количина калиум, што поволно влијае на излучувањето на вода од организмот. Познато е дека придонесуваат за намалување на холестеролот и отстранување на замор. Добро е да се консумираат помеѓу оброците како ужина, со што се заменува оброк што содржи додадени шеќери. Според насоките за правилна исхрана, овошје може да се јаде два до четири пати дневно. Бидејќи трешните содржат шеќер (12,8г на 100г), не треба да се претерува со количината - два пати дневно по 20 плодови ќе биде во ред.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Диететика и исхрана