ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Дали тестовите за интолеранција на храна се корисни за намалување на телесната маса?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Нема медицинска оправданост тестовите за интолеранција на храна да се користат како средство за намалување на телесната маса. Одрекувањето од одредени намирници може да има неповолен ефект врз здравјето, а често се сугерира и исфрлање на цели групи намирници од исхраната, што го препорачуваат лабораториите кои вршат такви тестирања. Ваков начин на исхрана може да доведе до анемија, па и до намален имунолошки одговор, популарно наречено намален имунитет. Не се јаде само поради калориите, туку за да се обезбедат сите важни хранливи материи - белковини, масти, јаглехидрати, како и заштитни материи - витамини, минерали и олигоелементи, од кои некои мора секојдневно да се внесуваат бидејќи организмот нема резерви од нив. Изразот интолеранција означува преосетливост на храна. Кога се применат дијагностички методи признати во медицината за поставување дијагноза на преосетливост, високиот степен на наводна преосетливост (над 30 отсто на сите намирници) се намалува на помалку од пет отсто. Важно е да се каже дека тестовите кои денес се користат во комерцијална примена не спаѓаат во тие признати методи. Терминот преосетливост на храна опфаќа два вида реакции: алергија на храна (поврзана со имунолошка реакција) и интоленранција на храна (не вклучува имун одговор, таканаречена не-IgE реакција). Интолеранцијата на храна се манифестира со тегоби како надуеност, грчеви или пролив, замор и малаксалост, но се разликува од алергијата бидејќи симптомите настануваат веднаш по земање значителна количина од определена намирница, што е и основен показател дали намирницата ни прија или не. Најчесто се јавува интолеранција на глутен и лактоза, како и на некои адитиви во храната. Тестовите во широка примена кои се користат кај нас не го одредуваат имуноглобулинот од класа IgE во крвта, туку имуноглобулинот од класа IgG, што практично само покажува дека сме внесле определена намирница преку исхраната. Иако тестовите за интолеранција на храна немаат научна заснованост, неспорно е дека се многу популарни и дека има лица кои изгубиле телесна маса и кои се чувствувале значително подобро по примена на препораките за исхрана добиени по направен тест, пред сè лица кои имале чести надувувања и гасови. Меѓутоа, најголемиот број луѓе многу брзо ја враќаат изгубената телесна маса.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Диететика и исхрана