Дали супата од кесичка угојува?
11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Ништо не угојува ако се внесува во умерени количини. Меѓутоа, храната во течна форма не е секогаш дијетална, а тоа најмногу се однесува на супите од кесичка, особено на кремастите кои содржат доста маснотии. Супите се солени, а повеќето содржат и резанки од бело брашно, односно брзи јаглехидрати. Еден чинија (250 ml) говедска или бистра кокошја супа има околу 55 kcal, крем супа од печурки 51 kcal, крем супа од домати 68 kcal, а посна супа 49 kcal. Хидролизираните (сојини) протеини и квасните екстракти кои се додаваат во супите се засилувачи на вкус. Супите од кесичка се произведуваат од хидрогенизирани растителни масти (трансмасти), пченкарен скроб и хидролизирани сојини протеини, а за да имаат вкус на пилешка или говедска супа, им се додаваат засилувачи на вкус – во спротивно би биле безвкусни. Значи, супите од кесичка сами по себе не угојуваат, но во комбинација со обилен ручек и вечера телесната маса се зголемува доколку внесот на храна е поголем од потрошувачката. Затоа, повремено е добро наместо супа од кесичка да се јаде домашна супа од морков, першун, кромид и пилешко – многу поздрава е, вкусна и освежувачка, особено во летните месеци.
Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.
Слични прашања
- Што да се јаде, а што да се избегнува кај инсулинска резистенција?
- Како да се добие на телесна маса?
- Каков треба да биде начинот на исхрана кај прекумерна телесна тежина?
- Дали месото е штетно и како да се заменат сладките во исхраната?
- Зошто имам течна столица една година по отстранувањето на дебелото црево?
- Која е правилната хигиена при подготовка на овошје и зеленчук?