Дали супа со резанки е добар избор за вечера?
11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Во последно време супите со резанки станаа доста популарни на нашиот пазар, со реклами дека за три едноставни чекори и за три минути може да се подготви вкусен и хранлив оброк, прифатлив за секој домашен буџет. Меѓутоа, супите со резанки немаат ни приближно доволно хранливи материи колку што бара здрава исхрана. А дали угојуваат? Ништо не угојува ако се внесува во умерени количини - човек се угојува само ако внесот на храна е поголем од потрошувачката. Тоа значи дека супа со резанки еднаш до двапати неделно е прифатлива опција, но најдобар избор за вечерен оброк е супа од зеленчук, домашна супа од шаргарепа, першун, кромид и пилешко месо.
Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.
Слични прашања
- Што да се јаде, а што да се избегнува кај инсулинска резистенција?
- Како да се добие на телесна маса?
- Каков треба да биде начинот на исхрана кај прекумерна телесна тежина?
- Дали месото е штетно и како да се заменат сладките во исхраната?
- Зошто имам течна столица една година по отстранувањето на дебелото црево?
- Која е правилната хигиена при подготовка на овошје и зеленчук?