ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Дали смее да се јаде овошје и друга храна со мувла?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Точно е дека овошјето и зеленчукот кои имаат знаци на мувла не треба да се јадат. Отстранувањето на мувлата од овошјето и зеленчукот не е решение бидејќи токсините навлегуваат длабоко во намирницата. Кај овошјето и зеленчукот тешко е да се одреди рок на трајност бидејќи тоа зависи од видот на овошјето и зеленчукот. Затоа свежото овошје и зеленчук во летниот период треба да се купуваат наутро во раните часови и во количина за 2-3 дена. По доаѓањето дома веднаш ставете ги во фрижидер. Исечено овошје и зеленчук кое стоело на собна температура повеќе од два часа, односно повеќе од еден час доколку е топло време, задолжително фрлете го.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Диететика и исхрана