ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Дали пржената храна е штетна за здравјето?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Иако постојат различни мислења за пржената храна, повеќето истражувања укажуваат дека треба да се избегнува или умерено да се користи. Причините се следните: при пржење на храна, особено на масла, се ослободуваат токсични материи кои можат негативно да влијаат врз кардиоваскуларниот систем, а некои од овие материи можат да имаат и канцерогено дејство. Умереност, редовни оброци подготвени со варење или печење со малку маст, свежо овошје и зеленчук, доволно течности, престој на свеж воздух, помалку стрес и баланс во животот се стари, добри начини на превенција на болести.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Диететика и исхрана