ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Дали пекарските производи се добар избор за појадок?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Сите знаеме дека појадокот е многу важен оброк и треба да биде биолошки вреден. Не треба да се прескока и најдобро е да се јаде дома. Пекарските производи не се најдобар избор за овој оброк бидејќи имаат многу калории, а мала нутритивна вредност. Што да јадете за појадок? Биолошки вреден појадок треба да содржи производ од житарки, околу 200 г интегрален леб, 200 г млеко (јогурт или кисело млеко), 100-150 г млад сир и нешто зеленчук. За појадок можете да јадете и снегулки од житарки со млеко или ферментирани млечни производи, сендвич, јајца и слично. Повремено можете да си дозволите и таканаречен слатки појадок - путер и мед со млеко. Во секој случај, најважно е појадокот да не се прескока.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Диететика и исхрана