ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Дали печурките се здрави?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Печурките се повеќенаменска и корисна намирница во исхраната. Освен што влегуваат во состав на разни јадења, печурките имаат и лековити својства, го зајакнуваат имунолошкиот систем, помагаат при контрола на нивото на липиди во крвта и штитат од срцеви заболувања. Во кулинарството најчесто се употребуваат печурки од групата шампињони, кои спаѓаат во нискокалорични намирници со висока хранлива вредност, па се идеален дел од секоја диета. Претставуваат соодветна замена за месото, што особено им одговара на луѓето кои постат и на вегетаријанците. Сепак, протеините од печурките потешко се вараат од оние во месото. Имаат многу мал процент на холестерол, а речиси воопшто не содржат натриум и масти. Богати се со фосфор, калиум, калциум, магнезиум, железо, цинк, растителни влакна, есенцијални амино-киселини и витамини од групата Б и Д. Благодарение на етеричните масла, печурките имаат карактеристична арома. Влакната во печурките го подобруваат работата на цревата и создаваат чувство на ситост, поради што нема да посегнувате по брза нездрава храна која е одговорна за наталожување маснотии на критичните делови на телото.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Диететика и исхрана