ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Дали морковот и бета каротенот влијаат на видот?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Морковот е зеленчук богат со бета каротен, што му дава и карактеристична портокалова боја. Бета каротенот е важен затоа што од него во организмот се создава витамин А, кој е одговорен за здрава кожа, коса и нокти. Сите намирници богати со каротен се корисни за здравјето и очите, но нема да помогнат да се намали диоптријата. Ако не постои недостаток на витамин А, конзумирањето моркови нема да има никакво влијание врз видот.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Диететика и исхрана