ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Дали лубеницата гои?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Лубеницата ја сметаме за овошје, иако всушност спаѓа во зеленчук, и претставува многу корисна намирница, особено во летните месеци, бидејќи ни ја надоместува изгубената вода, витамините и минералите. Најмногу содржи вода (90%), потоа витамини (C, витамини од групата Б, бета каротин), минерали и шеќери. Одлична е за детоксикација на организмот и претставува добар антиоксиданс во превенцијата на многу болести. Ова овошје нема премногу калории, но има висок гликемиски индекс, поради што не се препорачува за лица со дијабетес. Во секој случај, треба да се биде умерен во исхраната и да не се претерува со која било намирница. Ако се храните избалансирано и сте физички активни, ќе постигнете најдобри резултати.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Диететика и исхрана