ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Дали кисела вода и сода бикарбона помагаат при варење?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Содата е едно од најстарите природни средства за отстранување на тегобите од лошо варење и гориштица. Натриум бикарбонатот е алкална сол која природно се создава во организмот, односно во зидот на желудникот, заедно со хлороводородната киселина, а тие се главните сокови одговорни за варењето. Кај лица кои имаат проблем со варењето предизвикан од храна која ја консумирале, содата бикарбона помешана со вода разложува масните материи, што помага во процесот на варење. Стомачната киселина, која честопати е причина за тегобите, се неутрализира и на тој начин се отстрануваат тегобите. Киселата вода исто така потпомага при варењето и ја намалува гориштицата. Јаглерод диоксидот од киселата вода ја засилува перисталтиката на цревата, што овозможува подобро варење и поредовно празнење. Ова треба да се користи само доколку тегобите се јавуваат ретко, како прва помош. Доколку пациентот има изразени тегоби поради гориштица и потешкотии при варење, неопходно е да побара помош од лекар за да се исклучат преку преглед некои потешки заболувања.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Диететика и исхрана