ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Дали јајцата дебелеат?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Јајцата спаѓаат во групата намирници кои се извор на полновредни протеини. Конзумираат се варени, поширани, во форма на кајгана или пржени на око. Исто така, се доста користат во прехранбената индустрија како додаток на многу производи. Јајцето е намирница богата со нутриенти кои се многу корисни и клучни за нашиот организам. Содржи важни амино-киселини, минерали, витамини и лесно сварливи масти. Не постои строго ограничување во дневниот внес на јајца, а тоа зависи од целокупната дневна исхрана. Слободно можете дневно да јадете едно до две јајца, а белката можете да ја јадете и од повеќе јајца. Јајцата не дебелеат, а најдобро е да се јадат за појадок.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Диететика и исхрана