ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Дали грејпфрутот е здрав?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Грејпфрутот е цитрусно овошје, богато со витамин Ц, влакна, пектини и калиум. Освежува и создава чувство на ситост, а има малку калории. Црвениот грејпфрут содржи повеќе антиоксиданси од обичниот. Како и секоја храна, и ова овошје треба да се консумира во умерени количини. Доколку земате одредени лекови, задолжително консултирајте се со вашиот лекар дали можете да консумирате ова овошје, бидејќи сокот од грејпфрут стапува во интеракција со некои лекови, што може да доведе до проблеми и несакани ефекти.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Диететика и исхрана