ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Дали е здраво да се јаде тестенина (шпагети)?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Тестенината е квалитетна намирница, особено ако е од интегрално брашно (цело зрно на житарицата). Богата е со витамини од групата Б, минерали, а значајни се и растителните влакна во неа. На пазарот постојат разни видови тестенини - со јајца, од гриз, од пченка, со овошје, зеленчук итн. Тестенината особено се препорачува за спортисти бидејќи содржи скроб кој во организмот се претвора во гликоген и се складира во мускулите, за подоцна да служи како извор на енергија при поголеми физички напори. Тестенината најдобро е да се консумира во комбинација со зеленчук или млечни производи.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Диететика и исхрана