ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Дали е здрава овесната каша за појадок?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Овесот е богат со диететски влакна, белковини, витамини од групата Б, калциум и железо. Сепак, овесната каша не е исто што и овесните снегулки. Додека кај снегулките станува збор за цело зрно, инстант овесните каши се преработени и имаат повисок гликемиски индекс (брзината со која се зголемува нивото на шеќер во крвта по внес на иста количина од одреден вид храна). Ова не значи дека овесната каша е лоша, но во правилната исхрана предност сепак им се дава на овесните снегулки од цело зрно. Овесната каша обично е засладена со фруктоза, а една порција содржи околу 17г јаглехидрати. Во секој случај, тоа е неспоредливо подобра опција за појадок во однос на кобасички, сувомесни производи и пецива. Овесна каша може да се направи и дома: во шерпа се сипуваат 100мл млеко (со помалку од 1% масти), 150мл вода и три супени лажици овесни снегулки, и се вари. Кога смесата почнува да се згуснува, се додава на коцки исечено или рендано јаболко и една супена лажица мелени ореви, лешници или бадеми. Кашата треба да проврие и да се вари до посакуваната густина. Овесните снегулки можат да се прелеат и со јогурт или свежо исцеден овошен сок и да се остават неколку минути да омекнат. Исто така, можат да се измиксираат во блендер заедно со семе од лен, сончоглед и тиква, а потоа да се додадат во јогурт. Една порција овесна каша содржи околу 260 килокалории, што претставува мал внес на калории за појадок за маж кој е на редукциона диета.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Диететика и исхрана