ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Дали е штетно да се јаде љута храна?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Намирниците кои се љути имаат поволно дејство врз организмот (љути пиперки, ѓумбир, бибер, лук, рен...). Поволно влијаат на имунолошкиот систем, будноста, концентрацијата, циркулацијата и го потпомагаат варењето на храната. Ѓумбирот го подобрува апетитот, ги ублажува пробавните тегоби и надуеноста на цревата, додека биберот, ренот и лукот се добри за кардиоваскуларниот систем и имаат антибактериско дејство. Љутите намирници имаат лековито својство и затоа е добро да бидат застапени во исхраната. Консумирањето љута храна треба да се избегнува во случај на заболувања на горниот дел на гастроинтестиналниот тракт, гастритис, чир на дванаесетопалачното црево, или во случај на склоност кон хемороиди. На децата не се препорачува претерано љута храна бидејќи сè уште не се адаптирани на сите состојки на намирниците.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Диететика и исхрана