ЛекарИнфо.мк — вашиот онлајн лекар

Дали е подобро да се јаде пред или по вежбање?

11 август 2026
Одговара: ЛекарИнфо редакција
Консумирањето храна непосредно пред тренинг не се препорачува, но одењето на тренинг со празен стомак исто така не е препорачливо. Два до три часа пред тренинг јадете само намирници кои се лесно сварливи и не предизвикуваат надуеност. Намирниците кои создаваат гасови, како мешунките (грав, карфиол и брокула), треба да се избегнуваат пред физичка активност бидејќи тешко се вари и предизвикуваат дигестивни проблеми и го отежнуваат тренингот. Јадења со тестенини или ориз во комбинација со зеленчук, до 500 калории, се добар избор — до 2/3 шолја варен интегрален ориз или до 2 шолји варени интегрални тестенини. Ако немате време да јадете порано, половина час пред тренинг изедете банана или сличен овошен снек. Оброкот по тренинг треба да биде комбинација на белковини, зеленчук и интегрални житарки, со маслиново масло преку салата. Препорачливо е внесување на посни белковини (немасно месо – пилешко филе, риба – лосос, туна, и помалку масни млечни производи – до 1% масти, млади сирења до 25% масти), како и салата (зелена салата, рукола, домат, краставица, брокула, спанат, кромид и млад кромид, магдонос, зелка, ренде целер). Навечер треба да се избегнуваат тестенините, а и некои видови зеленчук (компир, пченка, боранија, грашок, варена морков и цвекло). Со количината на храна не треба да се претерува. Количината на месо не треба да биде поголема од дланка. Храната треба да засити, но да не го оптоварува стомакот. Веднаш по тренинг може да се пие свежо цеден портокалов сок, а половина час потоа најдобар оброк би бил печена риба или бело пилешко месо со чинија салата и ражен леб. Ако тренингот е доцна навечер, по тренинг изедете чинија салата во комбинација со млад сир или белки од јајце. Овие препораки важат за рекреативно бавење со спорт. Ако се бавите поинтензивно со спорт, потребен ви е јаделник кој ќе ви го состави лекар специјализиран за исхрана на спортисти. Во принцип, се препорачува видот на храна наведен погоре, но не треба да се претерува со месо, дури и ако е посно — белковини има и во растителна храна. Најдобро е да се придржувате до пирамидата на исхрана, а особено е добра и научно докажана медитеранската исхрана. Што се тиче времето на јадење, во секој случај јадете најмалку два часа пред посериозен тренинг. По тренинг, прво надополнете ја изгубената течност, но во мали количини и во подолг временски период, а потоа размислувајте за храна.

Одговорот е преведен и приреден од архивата на ЛекарИнфо и има општ, информативен карактер. Не е совет за вашиот конкретен случај.

Слични прашања

Назад кон областа: Диететика и исхрана